Рецензија за Врани. Преземено од Инстаграм блогот Книшка.
“Намерно погледнувам во мајка ми за да ме одбрани, но таа не ме брани, само вели ѝ било жал за мене. Тоа значи дека сестра ми е во право и сум изгледала како гревче”.
? Прекрасен роман! Читањето ми траеше еден час и во тој час бев едно со девојчето Барбара, главниот лик во приказната. Сочувствував со неа, се радував и минував низ сите нејзини емоции, нешто што ретко ми се случува. Романот ги отвора прашањата за младоста, растењето, пубертетот и колку е важна поддршката од семејството во тој процес. Дали и колку е потребно за да се заслужи родителската љубов и покрај сите напори и желби?
Како неми сведоци на настаните низ кои минува Барбара се и семејството врани, вгнездени на старото дрво спроти куќата. Минуваат низ сите природни процеси нежно, грижливо, ненаметливо…
Прекрасна е симболиката на сето раскажано, ликовите се одлично прикажани, добивате чувство дека може да им навлезете во душата.
Романот “Врани” несомнено ќе ми биде еден од најубавите прочитани за оваа година.
Моја препорака 🙂