Рецензија на Билјана Димовски, преземена без измени од фб-групата Моја библиотека.
Уште едно извонредно дело од Алена Маја е омажена, има едно вонбрачно детенце и ќеркичка родена во бракот со Јоско. Живеат во Чехословачка. Земјата се наоѓа зад железната завеса. Животот и просперитетот на граѓаните зависат од нивната политичка “чистота”. Така Маја никогаш не успева да се запише на медицински факултет, заради политичката неподобност на нејзиниот татко. Незадоволни од ваквиот живот, во ноември 1989 студентите ширум државата излегуваат на демонстрации, кои се задушени во крв. И Маја со сопругот излегуваат да го дигнат својот глас и тука нивниот живот се распаѓа. Уапсени се следната ноќ, разделени за секогаш. Маја е осудена на 20 години, затворена со многу други жени, 15 години од казната ги преживува во постојан страв и грч, единствена светла точка и се двете писма во годината што смее да ги напише, посетите од нејзините родители и надежта дека еден ден ќе ја гушне својата Леночка. После 15 години конечно излегува и ништо не е како во нејзините соништа. Се е распаднато, Леночка ја нема, за синчето и сопругот до крајот на животот нема да чуе веќе ништо. Ова е роман кој зборува за животот во една држава од источниот блок, за постојаниот страв, за наоѓањето причини да се турка понатаму и кога се изгледа безнадежно. Алена уште еднаш дава феноменален психолошки опис на ликовите, а преводот на Издавачка куќа МУЗА е навистина сказочен
Black Friday со новите изданија на Муза
Ви ја најавуваме нашата огромна акција „BFF со Муза“. Наредниот викенд можете да ги добиете сите наши изданија по енормно намалени цени. Книгите се по