БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

ЌЕРКИЧКА – Муза стави уште едно ремек-дело на своите полици

Рецензија од Билјана Димовски. Преземено без измени од групата „Моја библиотека

Во 1996 година поминав низ Украина. Таму низ едно тесно ќоше на исток, покрај границата со Словачка. Преку Карпатите. Видов густи гори, сочни шумски јагоди, непрегледни житни полиња. Една учителка од некое попатно село, која ја превезувавме од некаде до некаде, вака ни кажа: Украина е богата со добра, ама сиромашна со луѓе. Така беше тогаш. И после неколку години слушнав дека таму некаде се случува нешто, нешто многу лошо. Не знаев точно што, ама ми беше жал.Зошто жално е кога човек ќе здиви, кога ќе се сврти сосед против сосед, кога ќе се војува. Војната го вади најлошото од луѓето. Ама го вади и најдоброто. Зошто веројатно токму тоа е потребно за да се преживее.Ќеркичката живеела и растела токму на тој запад од Украина, се додека таткото не ја напуштил и ја пратил да живее со бабата на исток, во Донецк. Барајќи се себеси, младата девојка станува позната витражистка која заработува изработувајќи скапи предмети од боено стакло. Собира околу себе куп чудни ликови, кои брзо и стануваат ефикасни соработници. Потоа и стануваат фамилија. Соборци. Зошто мирот на истокот на Украина е нарушен, Русија го сака за себе. Или дел од граѓаните сакаат во Русија? Или некој само гледа интерес? Романот е за војната во Украина. За патриотизмот и човекољубието. За тоа што преживува обичниот човек во вакви случувања. За тоа како ненормалното станува нормално, и обратно. Како една млада девојка станува борец, фигуративно и буквално. Романот е за Ќеркичката и нејзината сила. Игор Станојоски се надминал себеси со преводот, а@Издавачка куќа МУЗА стави уште едно ремек дело на своите полици.

Продолжи со читање

НОВОСТИ

Black Friday со новите изданија на Муза

Ви ја најавуваме нашата огромна акција „BFF со Муза“. Наредниот викенд можете да ги добиете сите наши изданија по енормно намалени цени. Книгите се по