Опис
Остап Сливински (1978) е еден од најистакнатите и највлијателните украински поети и книжевни работници на денешницата. По образование е славист, дипломирал, магистрирал и докторирал на Катедрата за славистика на Универзитетот во Лавов, а во моментов работи како професор на Катедрата за полска филологија во Лавов. Автор е на повеќе книжевни преводи од полски, бугарски, македонски, белоруски и руски јазик. Неговата поезија е преведена на околу 20 јазици.
„Паметам, таму имаше еден мал,
навистина, веќе беше адолесцент, но
личеше како да има осум години, –
и го праќаа кај нас со писма,
уште, понекогаш предаваа сирење по него,
или шеќер,
се случуваше да дојде
и сосема без ништо, но тоа
значеше дека изгубил сè некаде
патем, бидејќи
никогаш не го пребаруваа на влезот, никогаш
за нив
тој не постоеше.
И знаеш што си помислив: кога
пишуваш песна,
тоа е како да го праќаш малиот. И дури
и да загуби сè,
ќе дојде
до оние што се од таа страна,
како осамен неразбирлив знак,
ќе дојде,
за едноставно да помолчи со нив“.