БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

Privacy Policy

Оваа политика на приватност дава општи информации за начинот на кој ги собираме, одржуваме и управуваме со личните податоци, секогаш кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите услуги. 

Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за Ви ги обезбедиме нашите услуги и/или да ги оствариме активностите.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Издавачка куќа МУЗА ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Димо Хаџи Димов 82А, Скопје, Република Северна Македонија.

Активностите на обработка поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на Муза, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување и достава на нарачките. 

Издавачката куќа МУЗА е посветена на приватноста на своите корисници. Сите лични податоци собрани од неа се обработени во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Чии податоци можеме да собираме?

 Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • посетители на нашите интернет страни – Вообичаено собираме навигациски податоци (види подолу). Доколку преку нашите интернет услуги мораме да собереме и податоци кои го откриваат идентитетот на лицето (на пример при поднесување на нарачки), тоа јасно ќе го појасниме, а ќе појасниме и кои се нашите намери со нив;
  • лица кои ги користат услугите на МУЗА, на пример, оние кои се претплатиле на нашите услуги или учествувале во нашите анкети – Лицата кои се претплатиле за да ги користат нашите услуги, можат да ја откажат својата претплата во било кое време, на едноставен начин.

Категории на податоци кои се обработуваат

  1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител креира логови со следниве податоци:

  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете веб-страната;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 30 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб-страна.

  1. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Единствените лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите услуги за продажба и достава на купени материјали.

Може да собереме некој од следниве видови на лични податоци: име и презиме, поштенска адреса, контакт телефон, факс, email и адреса на живеење. 

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен кога станува збор за пријавување на злонамерен напад или во други случаи предвидени со закон. 

Вашите лични податоци ги собираме директно од Вас. Во времето на собирање, ќе бидете информирани за специфичните цели за кои Вашите лични податоци се собираат. Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
  • преку нашата е-пошта

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со применливите интерни процедури, за периодот потребен за постигнување на целта на обработката, односно за да ги обезбедиме соодветните услуги побарани од корисниците.

Што се случува доколку не можеме да ги собереме Вашите лични податоци?

Доколку не ги добиеме сите податоци кои ни се потребни за Вас, нема да бидеме во можност да Ви ги обезбедиме бараните услуги и/или информации.

Согласност за собирање на лични податоци

Со запознавањето со оваа политика и последователното упатување на нашите интернет услуги, корисниците даваат согласност за начинот на обезбедување на услугите на Издавачката куќа МУЗА, преку формите за комуникација достапни на нашата веб-страна.

Продолжи со читање

НОВОСТИ

Black Friday со новите изданија на Муза

Ви ја најавуваме нашата огромна акција „BFF со Муза“. Наредниот викенд можете да ги добиете сите наши изданија по енормно намалени цени. Книгите се по