БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

ДИССОМНИИ. Колку лица има вистината?

Рецензија од Наташа Брезовска-Богоевска. Преземено без измени од групата „Библиотекари – читатели

„Диссомнии„ од Игор Станојоски, гледана од мој агол. „Диссомнии“ е книга која долго време сакав да ја прочитам, но никако не доаѓаше во моите раце. Чекањето вредеше и секој потрошен час на неа беше оправдан. Навидум лесно четиво, со разбирлив стил на пишување, но со многу интересни прашања. Пишувана во прво лице, како автобиографска книга која го следи оној бурен дел од животот на главниот лик. Сместена во две држави, географски различни, но по многу нешта слични. Насловот на самата книга своето објаснување го добива во вториот дел од книгата. Главното прашање што си го поставив читајќи ја беше: Колку лица има вистината? Вистината гледана од агол на љубовта, кариерата, семејството, политиката и оној сѐ уште неодгатнат дел, задгробниот живот. Политичките игри писателот ги објаснил, без пардон, онакви како што впрочем сите се сомневаме дека се. Вртоглавата љубов во која доживува разочарување , подемот и падот на кариерата како писател, ни ги предава од агол на жртва, изигран, искористен и отфрлен. Прашањето за запуштеноста на македонските села, села на духови ја начнува темата на мистичноста, народните верувања за постоењето на вампири и самовили. Постојат ли? – прашање кое секој од нас барем еднаш си го поставил. Станојоски неговата потрага по одговорот ја разрешил со логични објаснувања што му ги дал животот, од животот на оние како што самиот автор ги нарекува луѓе-приказни. И накрајот би завршила со она што го очекував од романот, важноста на семејството во животот на поединецот и значењето на припадноста кон сопствената нација. Морам да признаам ова е мое прво прочитано дело од Станојоски, но го изработи своето. Верно на својот автор, ме поттикна да ги прочитам останатите.Ова е мое видување, прочитајте ја за да ја доживеете на Ваш начин.

Продолжи со читање

НОВОСТИ

ИМА КНИГИ ШТО СЕ ПАМЕТАТ ЦЕЛ ЖИВОТ

Осврт на Јасмина Бочевска, преземен без измени од ФБ групата Моја библиотека… Мезиржичи, лето 1945 година,,Госпоѓице Ханичка… “Да, госпоѓица Ханичка бев некогаш порано. Но, потоа