БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

За нас

Муза е млада и мала издавачка куќа основана во 2019 година со седиште во Скопје. Уште од самиот почеток на работата Муза го привлече вниманието на книжевната јавност со квалитетот на изданијата. Наш приоритет не е квантитетот, туку квалитетот. Спрема секоја нова книга се однесуваме со посебно внимание на секоја од фазите на нејзиното издавање.

Издаваме главно „свежа литература“, се трудиме да преведуваме романи што се појавиле во тековната или во последните 2-3 години. Притоа, се обидуваме самите да го откриеме квалитетот, не чекајќи книгата веќе да се пробие и да стане бестселер.

Издаваме само романи со уметничка вредност. Не издаваме кич.

На пиедесталот го ставаме македонскиот литературен јазик. Нашите преводи се највисоко оценети на македонскиот книжен пазар, а секоја наша книга се лекторира совесно и професионално.

Над 90% од нашата продукција се состои од прозни дела, романи од домашни и странски автори. Многу поретко издаваме стручна литература, поезија, раскази и сл.

Улица „Радишанска“ 21/1-32, Скопје

Контакт