БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

ИМА КНИГИ ШТО СЕ ПАМЕТАТ ЦЕЛ ЖИВОТ

Осврт на Јасмина Бочевска, преземен без измени од ФБ групата Моја библиотека…

Мезиржичи, лето 1945 година
,,Госпоѓице Ханичка… “
Да, госпоѓица Ханичка бев некогаш порано. Но, потоа се претворив во жолта ѕвезда, во возот бев број 79, па во привремена жителка на Терезин и најпосле во шестоцифрен број во Аушвиц.”
Тој шестоцифрен број врежан засекогаш на нејзиното тело, обележана за цел живот. Не дека бројот би менувал нешто, душата е таа која не може да зацели целосно, никогаш.
Хана, девојка која мечтаела за љубовта и за тоа што следно ја очекува во животот. Дали животот ќе биде добар кон неа, како и таа кон него?

За жал не !
Таа е жртва на Холокаустот, таа се ќе преживее и над живее, дури и помислата на самоубиство, нема да биде милосрдна кон неа, ќе биде спречена, тогаш кога повеќе ништо нема да биде исто. Тогаш кога е веќе се загубено и кога најмилите не се повеќе со тебе.
Но, животот не би бил живот, доколку не даде мал зрак на надеж, за да се продолжи понатака. Можеби никогаш целосна, сепак доволна за некого, за нејзината внука од сестрина страна. Така и започнува приказната за Хана.
Која е Хана и како ја доживува внуката Мира, тој февруари 1954 година.
,, Никогаш не беше облекла ништо во боја. Врз црниот фустан со долги ракави и зиме и лете носеше црн џемпер со џебови, на нозете црни хулахопки и чизмички со врвки. Никогаш не ја бев видела без марама, но тоа го разбрав, бидејќи, и покрај тоа што уште не беше толку стара, забележав дека од под марамата и ѕирка белата коса. “

Само дваесет и шест годишна ….
Што има да каже Мира, а што Хана? Што ќе кажат тие пред нив, а и тие што ќе останат после нив ? Дали ќе ги победат предизвиците и ќе истраат во своите намери, заедно тие две посилни и од животот.
Аууу луѓе, си ветив самата на себе дека повеќе нема да читам книги за Хитлер и периодот на Втората светска војна и си останав доследна на моето ветување, повеќе години. Презаситена бев, премногу имам прочитано и веќе се се повторуваше. Но, оваа книга, допре длабоко во мене, не со приказната, туку со едноставноста со која е пишувана, а сепак толку совршена.
Долго ќе ми остане во сеќавање.
Не !
Засекогаш ќе ми остане!
Има книги кои се паметат цел живот, еве една од нив е и оваа ❤️
Искрена препорака мислам дека е малку, оваа е задолжителна.😊

Продолжи со читање

НОВОСТИ

Мала, а толку голема!

Освртот е од Јасмина Боческа и преземен е без измени од страницата Размена на книги… „Вратената“ како што и впрочем сите ја знаат, како што

Black Friday со новите изданија на Муза

Ви ја најавуваме нашата огромна акција „BFF со Муза“. Наредниот викенд можете да ги добиете сите наши изданија по енормно намалени цени. Книгите се по