
На 29 јуни 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, и на 30 јуни 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје, ќе се одржат гала оперски концерти во рамките на проектот „Жените во музичката уметност низ вековите“.
Концертите имаат за цел да го истакнат значењето на жените во музичката уметност, нивниот творечки придонес, интерпретативна моќ и културно присуство низ различни историски периоди. Преку избрана концертна програма, публиката ќе има можност да проследи дела и изведби што ја отвораат темата за улогата на жената во класичната музика и оперската уметност.
На концертите ќе настапат:
Магдалена Алексовска – сопран
Тина Ристеска – сопран
Даница Станојоска – мецосопран
Ивона Давидовска – контрабас
Наташа Калајџиева Здравева – пијано
Уметнички соработник: Милан Јанкулоски
Влезот за публиката е слободен.
Активноста е поддржана во рамките на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд. Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд.
Настанот „Жените во музичката уметност низ вековите: од невидливост до глас“ е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд. Проектот „Култура за развој“ го поддржува независниот културен сектор во Република Северна Македонија, користејќи ја културата и уметностите за поттикнување критичко размислување за општествените прашања важни за локалните заедници. Целта е да се стимулира поотворено и демократско општество преку јакнење на социјалната кохезија, демократските процеси и општествениот дијалог, како и преку охрабрување на соработката меѓу културните институции. Проектот „Култура за развој“ е поддржан од Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хартефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година.



