Веќе по традиција ноември ни е месец резервиран за најквалитетното од „најсвежата“ украинска книжевност. Овој ноември Муза ќе ги израдува своите читатели со романот „Прашајте ја Миичка“ од авторката Евгенија Кузњецова, која македонската публика веќе ја запозна со романот „Скала“. Истовремено на македонската сцена ќе дебитира Марјана Савка со збирката раскази „Луѓе на кафе“, би рекле – правовремено, со оглед на божикно-новогодишниот дух што провејува во неколку раскази од збирката.

Мала, а толку голема!
Освртот е од Јасмина Боческа и преземен е без измени од страницата Размена на книги… „Вратената“ како што и впрочем сите ја знаат, како што