Опис
Торпедо-книга, која со својата енергија, хумор и бунтовност ќе ви го промени начинот на размислување.
– Олга Токарчук
Ана Шајбел е извршна директорка на нафтена компанија и голем непријател на еколошките активисти. Живее во елитна населба среде шума, каде што една ноќ, месечарејќи, почнува да води љубов со стебло. Тоа експресно ѝ го урива дотогашниот совршен живот: ја губи позицијата, ѝ пропаѓа кариерата, дознава дека маж ѝ со години ја лажел и добива ментален слом.
За време на престојот во психијатриската болница, уверена е дека живее во 17. век во кнежевството Ниса, каде што ја запознава Матилда Шпалт, основачка на култот спрема Мајката Земја. Матилда и нејзините следбенички се радикални, го отфрлаат машкиот принцип и веруваат дека ја ослободуваат силата на женското уживање, но набргу ќе се најдат на мета на Црквата, која ги спалува жените што ги смета за вештерки.
Во процепот меѓу двата света, Ана Шајбел се бори за здравиот разум во психијатриската болница и за исправање на историската неправда спрема жените.
Екофеминистички, историски, еротски – романот Вештерки е лудо патување низ женската сексуалност, копнеж и бес, но и низ историјата на прогонот на вештерките. Агњешка Шпила храбро и екстатично ги урива сите правила, повикувајќи нè на револуција на уживањето.





