Во неделата која изминува во знакот на Блек фрајдеј, од печат излегува книга чијшто наслов е како скроен за „празникот“: Врани. Книгата има 166 страници и станува збор за новела, со оглед на тоа што го исполнува критериумот „единство на време и простор“, карактеристичен за оваа книжевна форма. Врани е дело на чешката писателка Петра Дворжакова, со која за првпат ја запознаваме македонската читателска публика. За првпат е објавена во 2020 година во Чешка и еве, експресно, истата година ја носиме и во Македонија. Впрочем, нашата желба и политика е токму тоа: да објавуваме свежи книжевни остварувања, по можност од последните 2 години, дела кои се квалитетни, лесно читливи, но нула шунд. Сепак, треба да се одбележи дека Врани брзо се докажа, па годинава е една од најчитаните книги во Чешка и Словачка. Според нашата редакција, најголема причина за радост имаат љубителите на Печуркарката бидејќи токму со неа Врани има многу допирни точки.
Гала оперски концерти во Штип и Скопје посветени на жените во музичката уметност
На 29 јуни 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, и на 30 јуни 2026 година, со почеток во

