БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

Аудио книга: Првиот универзитетски…

Оценка на Goodreads: 4,69.

Аудио книгата е изработена во Студио Кларион. Содржи звучни ефекти соодветни на песните што се појавуваат во романот. Чита актерот Дарко Вељиќ. Снимката трае 2 часа и 40 минути. Со оглед на привлечната содржина на романот, особено ја препорачуваме оваа аудио книга (во комбинација со книгата) на странците што го изучуваат македонскиот јазик.

SKU 978-608-4906-13-1 Категории: ,

Опис

Универзитетскиот професор Иван Коваленко е среќно оженет со богатата сопруга Јулија, живее на една од најубавите улици во својот омилен град, има работа која не би ја менувал за ништо на светот, кариерата му е во подем, ужива во сопствените предавања и во амбиентот на работното место. Еден ден на испит кај професорот доаѓа студентка со фалсификуван потпис во индексот. Тука започнуваат турбуленциите од чијашто разрешница ќе зависи сѐ во животот на професорот.