Опис
Во 2004 година, непосредно пред Портокаловата револуција, Орест отвора подземно кафуле во западноукраинскиот град Лавов. Го нарекува Гаргара, според името на кафулето што постоело во 1963 година на истото место. Старото кафуле во 1963 година исчезнало под неразјаснети околности. Од него останала само Книгата за пофалби и поплаки, која содржи два автобиографски раскази. Орест заедно со својата пријателка тргнува во ризична потрага по авторите на расказите во Книгата за пофалби и поплаки и истовремено се обидува да го расветли мистериозното исчезнување на кафулето во 1963 година.
Ваков роман се дочекува на нозе … Јазикот му „спие“ во стилот, стилот му „спие“ во структурата, структурата му „спие“ во одлично изведениот роман… – Оливера Ќорвезироска