БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

Диви црешни

304. стр. Година на прво објавување 2023. Прво објавување во Муза: 2024. Оцана на Goodreads

SKU 978-608-4906-44-5 Категорија:

Опис

Петра Дворжакова (1977), која од читателската публика изнуди овации со својот роман Врани,
па потоа истата публика ја остави подзината со романот Градина, сега ни се претставува со
комплексниот роман Диви црешни, објавен во Чешка во 2023 и во Македонија во 2024 година.
Дивите црешни живуркаат на периферијата на едно обично село, во кое живее и едно обично
семејство, во неудобна куќа во која двајцата родители одгледуваат две ќерки. За разлика од
ќерките, дивите црешни никој не ги одгледува, не ги крои, никој не го расчистува просторот
околу нив од грмушките што ја исцицуваат водата и ја одводнуваат земјата. Но, дали е толку
голема разликата меѓу дивите црешни и двете девојки?
Ова е роман за родителството, созревањето и преиспитувањето на плодовите на зрелоста, кои
многупати се како плодови од диво дрво.

Акции