БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on email

Непобедливата седумка

Година на прво објавување: 2001. Објавување во Муза: 2019.

Бескрајно топла приказна за трите поколенија на едно семејство. Нешто како убава џез мелодија. Извонреден духовит и „машки“ стил на раскажување.

SKU 978-608-4906-00-1 Категорија: Автор:

Опис

Оваа книга се чита онака како што самиот автор, преку зборовите на нараторот, го опишува качувањето по карпи. Те привлекува првата приказна, па се зачитуваш. Тогаш сѐ уште мислиш дека можеш да ја оставиш книгава кога и да посакаш. Продолжуваш, па во следниот миг кога „ќе погледнеш удолу, веќе не можеш да се вратиш“, не можеш да ја оставиш. Потоа „пред очи ти е само еден дел од карпата“ (приказната), „тоа делче го туркаш под себе“ и „тоа е најсигурниот начин за да не добиеш вртоглавица од висината над тебе или од длабочината под тебе“. И на крајот „пред очите ќе ти се појави небесната шир“.

Мартин Фарнер (1964) е чешки писател и драматург. Студирал бохемистика на Педагошкиот факултет во Усти на Лаба и драматургија на Факултетот за драмски уметности. Автор е на четири книги. Син е на поранешниот фудбалер Рудолф Фарнер. Таткото фудбалер, запишувањето на педагошкиот факултет и драматургијата станале дел од романот „Непобедливата седумка“.