БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

Оваа соба не може да се изеде

151 стр. Година на прво објавување: 2021. Прво објавување во Муза: 2024. Оцена на Goodreads 4,17.

SKU 978-608-4906-39-1 Категорија:

Опис

Оваа книга може да се прочита во еден здив, да се проголта, но нејзината содржина уште долго останува несварена во нас. Навидум ситните случки, раскажани со поетски, дури и надреалистички реченици, полека ја плетат приказната раскажана од една ученичка, со малку зборови но многу метафори, за нејзината врска со возрасен маж, заедно со сѐ што повлекува таа врска и што засекогаш ќе промени најмалку еден живот, еден светоглед.

„Гневот во рамките на литературата не го сметам за негативен, тој за мене е продуктивна емоција. Тагата да, тагата е негативна, тагата води кон пасивност и не можеш ништо со тоа да направиш освен полека да се бориш да се ослободиш од неа на сите можни начини. А гневот е стимул за делување. Да се лутиш, значи да сакаш нешто да промениш, да создадеш.“

Никол Хохолцерова

Акции