Опис
Книгата „Последното писмо на Чинго“ се состои од необјавени писма на Живко Чинго, испраќани до неговиот внук Владо Муковски, тогаш дете, како и белешки и размисли на писателот за слободата и за состојбата во македонската книжевност.
На насловната е насликана Верга Чингоска, мајката на Живко Чинго. Автор на сликата е сликарот и приредувач на оваа книга, Владо Муковски.
Книгата содржи и необјавени фотографии од семејството на Живко Чинго. Целата книга е испечатена во колор.