БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

Празна мапа

380 стр. Оцена на Goodreads 4,31. Година на прво објавување: 2013. Прво објавување во Муза: 2022. Најпродавана книга на Саемот на книгата 2022.

SKU 978-608-4906-27-8 Категорија:

Опис

Ана, Алжбјета и Анежка. Три жени, три поколенија, една фамилија и многу животни пресврти, трауми и тајни. „Празна мапа“ (2013) е првиот роман на денес веќе светски познатата Алена Морнштајнова, со кој таа буквално „влетува“ на книжевната сцена. Ова е роман-сага со изобилство од мајсторски извајани ликови и животни судбини. Ликовите на Алена Морнштајнова многупати се жртви на сопствените нагони, карактери и наивност, но честопати и на сплетот од општествените и политичките околности. Секој од тие ликови на свој начин се справува со љубовните проблеми, на свој начин сака и мрази, озборува или молчи, на свој начин (не) верува во почетокот на војната или во исправноста на повоениот режим; секој од тие ликови на свој начин го придобива читателот и трајно му се врежува во книжевната меморија.

Акции