Опис
Три јаболка паднаа од небото –
„едно за оној што видел,
друго за оној што раскажал,
а третото за оној што слушал и верувал во доброто.“
Во изолирано село високо во ерменските планини, во суровата убавина на природата, во која животот лебди меѓу стварноста и бајката, живеат само еден грст луѓе. Нивната единствена врска со светот е еден прастар телеграф, и опасниот планински пат, кој дури и козите го избегнуваат. Додека се занимаваат со секојдневните работи – жетва, правење баклава, средување на куќата – се поддржуваат меѓусебно и во добро и во зло, напоредно со несогласувањата, озборувањата и смеата.
Но понекогаш е потребна само искра романса за сѐ да се промени, да се наруши кревкиот мир на овие необични луѓе, а едно мало чудо ќе донесе живот и надеж во напуштеното село. Судбините на неколку генерации се проткаени со љубов и болка, одмазда и простување, со реалното и магичното во оваа приказна, која ќе ви ја стопли душата, небаре враќајќи ве во среќното детство.