БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

Јужно Предградие

193 стр. Прво објавување: 2020. Прво објавување во Муза: 2025. Се надоврзува на „Вратената“, иако може да се чита и засебно.

SKU 978-608-4906-52-0 Категорија: Автор:

Опис

„Јужно Предградие“ е продолжение на романот „Вратената“ – приказната за двете сестри, сега пораснати, оддалечени, но засекогаш поврзани со нишките од минатото. Постарата сестра предава на Универзитетот во Гренобл, додека Адријана, дива и непредвидлива, живее во рибарското предградие на Пескара. Еден ненадеен повик ја враќа нараторката во родниот град и во болните сеќавања на детството, тишините, љубовта и предавството.

Во овој топол и искрен роман, Донатела ди Пјетрантонио повторно ги обработува темите на сестринството, вината и на она што останува кога животот ќе нѐ раздели, а љубовта сѐ уште не знае да замолчи.