БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

Мала, а толку голема!

Освртот е од Јасмина Боческа и преземен е без измени од страницата Размена на книги… „Вратената“ како што и впрочем сите ја знаат, како што и сите ја викаат, е едно тринаесет годишно девојче, на кое сите соништа ќе му бидат срушени во две секунди.
Пред тие тринаесет години живее живот како што и секое девојче посакува, а и заслужува. Најпрво е сакана од своите родители, кој се и добро ситуирани, оди во добро училиште, покажува интерес за учењето, оди на часови по балет, има најдобра другарка Патрисија …
Има се !
И наеднаш сето тоа потонува во вода. Потонува и ,, Вратената ” и тоа ни помалку, ни повеќе во сиромаштија, во мирис на мокрача, во нечистотија, кај луѓе кој по ништо не се слични на неа. Таа всушност не е ни свесна дека е родена тука, под тој кров, во таа куќа, во таа сиромаштија. Тие луѓе се нејзината вистинска крв. Мајка, татко, тројца браќа и една сестра.
Таткото кој ја посвојува ја враќа назад и таа за жал воопшто нема ни шанса да праша : Што се случува?
Не успева дури ни да се збогува со својата мајка.
Се обвинува самата себеси и моли дека ќе се промени, ќе биде подобра, само да биде вратена назад, во својата куќа, кај своето семејство, кај своите сакани.
Утеха во таа куќа ќе пронајде само кај својата помала сестра Адријана, со помош од неа ќе се потруди да биде вклучена во тоа што животот и го приреди, тоа несакано изненадување. Адријата е таа која ќе биде жртва за вратената сестра, само да остане покрај неа, сега кога и е најпотребна. Да не биде малтретирана, тепана, вознемирена, задавањето на домашните обврски ќе ги извршува Адријана.
Приказната се одвива во едно малечко гратче во близина на Рим, Италија во 1970 година. А е раскажувана од страна на ,, Вратената ” неколку години подоцна. Се потсетува на тоа што поминала и што допрва доаѓа.
Болката никогаш не не напушта, без разлика каде понатака ќе не однесат животните патишта, и што ние ќе направиме од и со нашиот живот. Траумата останува со нас, не прати, исто како и нашата сенка.
Ми заврши оваа приказната некако не планирано, не очекувано, не доискажано. Затоа би ги замолила
Издавачка куќа МУЗА да биде преведен и вториот дел. Многу сум желна да знам како и каде ќе заврши ,, Вратената ” и тие саканите околу неа.
Искрена препорака, на ова мало книџе, а толку големо 😊❤️

Продолжи со читање

НОВОСТИ

Black Friday со новите изданија на Муза

Ви ја најавуваме нашата огромна акција „BFF со Муза“. Наредниот викенд можете да ги добиете сите наши изданија по енормно намалени цени. Книгите се по