Веќе по традиција ноември ни е месец резервиран за најквалитетното од „најсвежата“ украинска книжевност. Овој ноември Муза ќе ги израдува своите читатели со романот „Прашајте ја Миичка“ од авторката Евгенија Кузњецова, која македонската публика веќе ја запозна со романот „Скала“. Истовремено на македонската сцена ќе дебитира Марјана Савка со збирката раскази „Луѓе на кафе“, би рекле – правовремено, со оглед на божикно-новогодишниот дух што провејува во неколку раскази од збирката.

Нов книжевен цвет – „Катананхе“
Сопружниците Лесја и Олекса, заедно со ќерката тинејџерка Таја и кучката Дина живеат во обична зграда со цветни леи пред влезовите и тесни балкони од

