Опис
Во крошната на стариот брест се создава едно семејство врани, кое набргу станува инспирација за исклучително талентираната млада сликарка во куќата спроти дрвото. Младата Барбора ги набљудува враните, и враните ја набљудуваат неа, а од тие погледи се раѓа уметничката енергија на Барбора, за која имаат разбирање само неколку наставници од училиштето, но никој од семејството. Новелата Врани претставува неверојатно моќна приказна за невидливата и несфатената страна од животот на едно навидум примерно семејство, заробено во капсулата на бесмислените принципи и неспособноста да се прифатат вродените разлики во карактерите и интересите.