БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

Катананхе

184 стр. Прво објавување: 2024. Објавување во Муза: 2025.

SKU 978-608-4906-51-3 Категорија: Tags ,

Опис

Сопружниците Лесја и Олекса, заедно со ќерката тинејџерка Таја и кучката Дина живеат во обична зграда со цветни леи пред влезовите и тесни балкони од кои во летните вечери е пријатно да се слуша градот и да се гледа како ноќта се спушта врз него. Нивниот живот исто така изгледа обичен, дури и банален, сè додека Олекса не пропадне во вителот на прекумерната страст, која се заканува да уништи и да затрупа сè — воспоставените навики, меѓусебните чувства, па дури и претставите за самите себе. Приказната на почетокот се чини секојдневна, но подоцна, со секој нов пасус се затегнува како пружина, се исполнува со напнатост и за само неколку десетици страници се урива врз читателот како лавина. А таа книжевна лавина е толку мајсторска, толку префинета и прекрасна, што можеме само восхитено да уживаме во неа.
Во срцевината на романот лежи митот за Актеон.
Кај Андрухович, овој древен мит станува современа метафора: погледот како акт на љубов и уништување, блискоста како откривање на туѓа и сопствена голотија, вината што следи кога таа границата ќе се премине.
Андрухович вешто го поставува прашањето:
што се случува кога конечно ќе се погледнеме вистински – и дали можеме да преживееме по тоа гледање?
🌸Катананхе — полско цвеќе што цвета и на најсувата почва — станува симбол на таа можност: да се распаднеш и повторно да никнеш, да сакаш, и покрај сè.

Акции