БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on email

Твојот поглед, Чо-Чо-Сан

Оценка на Goodreads 4,04. Година на прво објавување: 2018. Објавување во Муза: 2020.

Категорија: Автор:

Опис

Во украинскиот град Ужгород пијан судија на пешачки премин прегазува  млада жена и, очекувано, поминува без последици и без казна. Но, сопругот на жртвата не спаѓа во луѓето што некој може да ги поткупи или да ги заплаши. Ако треба, ќе изгуби сѐ, но нема да му дозволи на корумпираниот систем да го затвори случајот. Целта ќе ја постигне само ако го убие судијата, ако го погледне в очи додека умира и ако потоа им раскаже на медиумите дека тоа го направил за да го промени системот и целото општество. Но дали навистина поделбата на добро и зло е толку еднозначна? Одговорот на последново прашање читателот ќе треба да го чека до самиот крај на овој прекрасен психолошки трилер.

Андриј Љубка (1987, Рига) е еден од водечките гласови во современата украинска книжевност и еден од најчитаните и најнаградувани млади писатели. Дипломирал украинска филологија во Ужгород и балканистика во Варшава. Преведуван е на над 10 јазици. Живее во Ужгород.