БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on email

Маж за придружба

Година на прво објавување: 2007. Објавување во Муза: 2020.

SKU 978-608-4906-03-2 Категорија: Автор:

Опис

Михал Кирхнер се раѓа како мимикрија на неговите хомосексуални родители. Неговото раѓање има за цел да ги прикрие склоностите на неговиот татко хомосексуалец и мајка лезбејка од службите на комунистичкиот режим. Уште од најраното детство Михал станува сведок на оргиите што во домот ги организираат неговите родители. Подоцна Михал созрева во млад маж, кој презира практично сѐ што го опкружува: луѓето, работата, Братислава. Потрагата по лесна работа со голема заработка ја завршува со успех. Започнува кариера како маж за придружба. Дознава сѐ за жените, освен едно: како е навистина да се биде жена?

Михал Хворецки (1976) е словачки писател и публицист. Студирал естетика на Филозофскиот факултет во Нитра. Преводи на неговите книги се објавени во Германија, Италија, Полска, Чешка. Во моментов живее во Братислава како слободен уметник. Неговиот роман Маж за придружба (2007) е веројатно најконтроверзниот роман во поновата словачка книжевност.