Опис
Без никакво објаснување тринаесетгодишното девојче е оттргнато од удобноста на
животот како ќерка единица во добро ситуирано семејство и вратено кај сиромашните
биолошки родители. Во еден ден губи сѐ – удобниот дом покрај плажата во градот,
пријателите и безусловната родителска љубов од луѓето што до тој миг ѝ се единствените
родители.
Одеднаш се наоѓа в село меѓу непознати луѓе, кои не покажуваат никаква
срдечност ниту му се радуваат на нејзиното враќање. „Вратената“ започнува еден сосема
нов живот, исполнет со борба, одрекување и одмерување на силите со жената што ја
родила.
Збунетоста на „Вратената“ е потресна, токму како и нејзиното истрајно убедување
дека нејзините најмили ќе ја увидат грешката и еден ден ќе се вратат по неа.
Вратената е моќен роман за љубовта и напуштањето, мачното привикнување и
емоционалното созревање.