Опис
Пролетта 2021 година главниот лик во романот Полиглот е ангажиран како преведувач на меѓународна конференција. Додека совесно си ја врши работата, постепено сфаќа дека настанот добива неочекуван тек. Секоја нова епизода го испумпува кислородот од малата кабина, но и го буди во него гневот спрема општеството и спрема нив, па најпосле тој заклучува дека мора да ги урне ѕидовите на кабината – за да не се задуши. Но, тоа не е возможно додека не го добие својот расплет приказната за чудните случувања од пролетта 2004 година.