Опис
Сликарството е поважно од сѐ во нејзиниот живот, кој е поделен меѓу монотоната работа на касата во супермаркетот и чувството на премореност во малиот изнајмен стан. Петра дипломира на ликовната академија и мечтае да продолжи да се занимава со сликарство. Сепак, никако не успева да се пробие на уметничката сцена и затоа мора привремено да работи во супермаркет, каде што прередува продукти и продава на каса. Ана Беата Хаблова во романот „Смена“ дава прекрасен уметнички израз на проблемите со кои се соочуваат младите што мечтаат да го следат патот по кој ги повикува поривот за уметноста во едно потрошувачко општество. Каде е границата меѓу реалноста и мечтата?