Опис
„Ќеркичката“ живее во мало гратче во западна Украина со својот татко, кој еден ден заминува на работа во Полска, а „Ќеркичката“ ја праќа кај баба ѝ во Донецк, каде што таа започнува сосема нов живот. Уште долго се чувствував туѓа за овој град, градот уште ме плашеше и ме вознемируваше. Но нешто се промени. Домот во кој си плачел, веќе никогаш нема да ти биде сосема туѓ. Во периодот на созревањето кај себе открива извонредна уметничка дарба и полека прераснува во барана и ценета витражистка, и тоа токму во периодот кога Донецк доживува економски бум. Набргу се остварува пророштвото на бабата: Ќеркичке, ќе видиш, нешто ќе се случи. Како полудени се луѓено, само пари, пари и само муабети за пари, па целиот дотогашен живот пропаѓа во виорот на војната, која трае до ден-денес, што на читателот му создава впечаток како да е вклучен во живо во настаните во источна Украина. Војната со себе го донесува и конфликтот меѓу сфаќањата на „Ќеркичката“, израсната во западна Украина, и жителите на Донецк. Можеби сите ги запрашиле со психотропен гас, и само јас имам добар имунитет? Или, обратно, јас сум полудела и затоа никако не можам да ја сфатам логиката и смислата на опкружувањето.