Опис
321 стр. Година на прво објавување: 2020. Прво објавување во Муза: 2024. Оцена на Goodreads: 4.51.
Во мало ерменско гратче на 79-годишна возраст умира ѕидарот Симон, почитуван од сограѓаните, но исто така и познат по своите љубовни походи. За да го испратат на неговото патување, во неговиот дом, кај неговата ужалена сопруга, доаѓаат сите жени што тој некогаш ги сакал. И секоја од нив има своја приказна.
„Не постојат случајни средби. Секоја на нешто нѐ учи.
Не постојат случајни разделби.
Секоја собира по едно парче од нашата душа.“