БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
БЕЗ ОГЛЕД НА ИЗНОСОТ НА СМЕТКАТА

Кога ќе се вратам

198 стр. Прво објавување: 2021 Објавување во Муза: 2026. Оцена на Goodreads: 3,84.

SKU 978-608-4906-58-2 Категорија:

Опис

Ова е приказна за оние што заминуваат и за оние што остануваат. За една мајка која од Романија заминува во Италија за да работи како негувателка на стари лица и на тој начин да се „погрижи“ за своите деца обезбедувајќи им го сето она што го имаат децата од побогатите семејства.

Даниела има мрзлив сопруг, две деца тинејџери и сè понесигурна работа. Една ноќ бега од дома како крадец, во потрага по нешто што би можело да им го среди животот на луѓето што ги сака – а можеби и нејзиниот сопствен живот.

Така се преселува во Милано, каде што работи како негувателка на стари лица, па како дадилка на деца што потсетуваат на нејзините, кои се толку далеку, сега веќе не само географски. Кога повторно ќе стапне во својата стара селска куќа, сфаќа дека децата се непријателски расположени кон неа. Може ли една жена што толку долго била далеку од своите деца, сè уште да се нарекува мајка?

Оваа приказна ја раскажуваат мајката, синот и ќерката – три гласа за една иста судбина: судбината на едно распаднато семејство, во кое секој од нив сфаќа дека најтешко од сè е повторно да се состави мозаикот на чувствата, откако неговите парчиња еднаш ќе се растурат.

Прочитај ги првите пет страници од книгата

Акции