Прирачникот е посветен на присуството, творештвото и улогата на жените во историјата и современата практика на класичната музика.
Прирачникот е организиран хронолошки и ги претставува жените кои низ различни периоди создавале, изведувале и ја обликувале класичната музика. Во него се опфатени композиторки, диригентки, инструменталистки и изведувачки; опишани се и околностите поради кои нивната работа честопати останувала недоволно видлива.
Наменет е за ученици, студенти, наставници, музички професионалци, изведувачи, истражувачи, како и за сите читатели кои сакаат да откријат нови имиња, дела и интерпретации во класичната музика.
Прирачникот може да послужи како поддршка во процесот на учењето, како ориентациски водич низ слушањето и како поттик за понатамошно истражување.
„Жените во музичката уметност низ вековите – од невидливост до глас“ е активност поддржана во рамките на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд.