Опис
Во својата исповед, упатена кон исчезнатата ќерка, Трина ни го открива целиот свој драматичен живот, а и својот нескршлив дух во борбата со фашистите, нацистите, војната и, најпосле, со браната со чијашто изградба ќе биде потопено сè што сакала и што ѝ припаѓало.
Инспириран од впечатливата слика на камбанаријата, Марко Балцано напишал импресивен, важен роман, во кој политичките моменти се преплетуваат со животите на обичните луѓе.
„Овој чудесен роман, напишан со едноставен стил, истовремено ни ја открива приказната за луѓето што се затекнале во процепот меѓу италијанскиот фашизам и германскиот нацизам и ни отсликува величествен лик на една чувствителна но храбра жена.“
– L’ Express