Опис
Сестрите Миичка и Лиличка одлучуваат животот да го стават на пауза и летото да го поминат во селската куќа кај својата 96-годишна баба Теодора. Во наредните денови им се придружуваат и бремената братучетка Марта, мајка им Марија и малото девојче Љусја. Сите тие се пред тешки животни одлуки, па куќата на баба Теодора претставува нивно засолниште, „затоа што животот не можеш секогаш да го живееш, туку понекогаш треба и да се сокриеш од него“. Летните денови на петте жени и малото девојче се исполнети со многу хумор, емоции и битка со зеленилото што полека ја проголтува куќата.